[ВИДЕО] Меси неочекувано се врати на теренот и ја изненади цела јавност: Никогаш не сум видел вакво нешто

Дерби

13/08/2026

11:22

451

Големина на фонт

а а а

Неколку дена по смртта на неговиот татко, Лионел Меси се врати на терените, и тоа неполни часа по срцепарателното писмо кое го проследи преку социјалните мрежи.

Аргентинскиот фудбалски мајстор остана без својата најголема поддршка во животот и смртта на Хорхе дефинитивно ќе остави длабока трага во неговиот живот, па иако самиот нагласи дека не знае дали вреди да продолжи да игра фудбал, тој сепак се врати на теренот неколку часа подоцна.

Ѕвездата на Интер Мајами неочекувано се појави на теренот и го одигра второто полувреме од мечот против Леон во Лига Купот на Северна и Централна Америка, па иако не можеше да спречи пораз за својот тим, тој ги воодушеви фановите и своите соиграчи со самото појавување на теренот во овие тешки денови.

– Сите бевме изненадени што го видовме, но ова само уште еднаш покажува колку тој е професионален и посветен. Покажа посветеност кон спортот кој го сака, кон клубот и соиграчите.

– Никогаш не сум видел нешто слично во животот, можеме да бидеме само благодарни што е тука со нас. Вакви работи го прават Меси еден од најдобрите, ако не и најдобар играч во историјата на фудбалот, – изјави Касемиро.