[ФОТО] Класа потег: Локален поштар откри каква средба имал со Кукуреља и стана хит со објавата на социјалните мрежи

Дерби

02/08/2026

15:06

527

Големина на фонт

а а а

Марк Кукуреља привлече внимание со серија потези по крајот на Светското првенство, започнувајќи од бурната прослава на титулата, продолжувајќи со исполнување на ветувањето и тетовирањето на Луис де ла Фуенте, па се до промената на изгледот со неговата бујна коса.

Кукуреља ја фати косата во плетенки за време на летниот одмор и направи мала промена пред да се врати назад во Шпанија, а во период кога се чека денот кога ќе се му се приклучи на Реал Мадрид на пресезонските подготовки, јавноста дозна дека левиот бек всушност е во Англија.

Дефанзивецот се вратил во својот дом во Хоршем за да ја комплетира преселбата во родната Шпанија, но враќањето во англискиот град му донесе популарност благодарение на еден поштар.

Повозрасен господин кој работи за една приватна локална пошта сподели какво пријатно искуство имал со актуелниот светски шампион, па реши целото да го сподели во целост.

– Имав задоволство да поразговарам со локалниот победник на Светското првенство, Марк Кукуреља додека ја доставував неговата пошта денес. Тој е многу фин и приземен човек. Ми дозволи да го држам неговиот победнички медал. Мислам дека сум првиот Англичанец што држи победнички медал од Светското првенство во последните 60 години, – порача поштарот.