[ВИДЕО] Левандовски постигна два гола за старт и на најдобар начин се претстави пред новите фанови

Дерби

02/08/2026

11:42

473

Големина на фонт

а а а

Роберт Левандовски досега одигра два натпревари на гостински терен во МЛС лигата, но требаше да го дочека првиот на домашен терен за да се претстави во најдобро светло пред новите фанови.

Полската гол машина е симбол за постигнување погодоци во текот на целата кариера, а рано утрово го отвори контото и во САД.

Чикаго Фајр запиша победа од 2:1 над Шарлот благодарение на најзвучната ѕвезда која ја доведе оваа лето, бидејќи двата погодоци беа дело на доскорешниот напаѓач на Барселона.

Левандовски ја покажа цела своја класа во две ситуации, најпрво испраќајќи неодбранлив удар надвор од шеснаесетникот, а потоа презентирајќи совршено движење за еден роден голгетер.

По двата порази во низа, ова е и прва победа за легендарниот Леви во новата средина и новата лига.