Артета за можната „бомба“ Винисиус: Арсенал ќе дејствува……

Дерби

02/08/2026

11:46

380

Големина на фонт

а а а

Арсенал ја надигра Џирона со 4:1 и запиша убедлива победа на пријателскиот тест кој се играше вчера, а по средбата против шпанскиот ривал, Микел Артета имаше соочување со новинарите кои со нетрпение чекаа негово излагање во јавноста.

„Топчиите“ се поврзуваат со многу звучни имиња во последно време како актуелни шампиони во Англија, но ситуацијата посебно стана „жешка“ откако Реал Мадрид му испорача ултиматум на Винисиус.

Ваквото делување од Реал Мадрид јасно стави до знаење дека постои сериозен интерес од Арсенал, а сега директно прашање на оваа тема доби и Артета.

Шпанскиот стручњак беше дипломатски настроен и даде политички одговор, но јасно стави до знаење дека клубот ќе дејствува максимално амбициозно до крајот на летниот преоден рок, во кој планот е да биде доведен и Бруно Гимараеш од Њукасл.

– Активни сме на трансфер пазарот и се обидуваме да го подобриме и развиеме тимот во вистински правец. Во наредните неколку недели ќе има раздвижувања, јасно е дека сакаме да го подобриме тимот, исто како и сите наши ривали.

– Ги гледаме потезите на нашите конкуренти, а ние нема само да набљудуваме. Многу сме амбициозни и ќе делуваме амбициозно до крајот на летниот преоден рок. Разликите се многу мали, сакаме да бидеме подобри од лани, знаеме дека оваа сезона ќе биде уште потешка и попредизвикувачка за нас. Мора да препознаеме што ни недостасува во тимот и да создадеме предност со добри потези на пазарот. Така размислуваме сите во клубот во овој момент, – изјави Артета.