Англичаните се друга лига: Брентфорд искешира 50 милиони евра за рекордно клупско засилување

Дерби

02/08/2026

15:58

203

Големина на фонт

а а а

Англиската Премиер лига со години наназад важи за најпопуларната и најбогата во Европа и светот, а тоа го гледаме на дело од сезона во сезона пред стартот на главните возбудувања.

Финансиската моќ на англиските клубови посебно дојде до израз во последната деценија и тоа е тренд кој им дава огромна предност на премиерлигашите, па така додека италијанските и шпанските клубови се мачат да реализираат зделка поголема од 50 милиони евра, во Англија клуб како Брентфорд без проблеми реализира ваква операција.

Лондонскиот клуб имаше стабилна сезона во Премиер лигата и воодушеви на некои натпревари против фаворитите, а во новата сезона ќе има идентични амбиции и ќе се обиде да направи дополнителен исчекор.

Брентфорд ја заврши соработката со Џордан Хендерсон кој е на прагот од Челси, но како негова замена, клубот сега инвестираше во фудбалер кој има голем потенцијал.

Англискиот премиерлигаш се пофали со потписот на Мамаду Сангаре од Ленс, фантастичен играч за врска кој се очекува да направи бум во Премиер лигата со оглед на техничките квалитети кои ги поседува.

Ангажманот на Сангаре е најголем и најзначаен во историјата, бидејќи Брентфорд за неговите услуги исплати околу 50 милиони евра на Ленс.