Буфон откри кој бил негов прв избор за италијански селектор откако Федерацијата го назначи Манчини

Дерби

02/08/2026

15:55

160

Големина на фонт

а а а

Роберто Манчини после три години се врати на селекторската позиција во Италија и неговиот кам-бек донесе измешани реакции на „чизмата“, пред се поради фактот што трофејниот стручњак сам си замина од репрезентацијата за да заработи големи пари во Саудиска Арабија.

Ова „предавство“ и ден денеска ги отвора раните кај голем број италијански љубители на фудбалот, а меѓу нив најверојатно е и Џанлуиџи Буфон кој во текот на својата кариера играше второлигашки фудбал како еден од лидерите на Јувентус.

– Таа приказна за Манчини се уште е тука и ќе го прогонува, но и самиот го знае тоа. Не заборавајте дека зборувате со човек кој се пресели во Серија Б со Јувентус и кој прифати да добива 500 илјади евра во Јувентус само за да остане верен на клубот, – вели Буфон во интервјуто за „Газета дело спорт“.

– На крајот од денот, сепак сметам дека Манчини е технички добар избор поради тоа што докажал дека знае како да функционира во тешки средини. Секогаш треба да се земе во предвид со оглед на наследството кое го има зад себе.

– За мене, во овој момент и натаму цел број еден останува Светското првенство за четири години. Ако одлучував јас за новиот селектор, ќе го изберев Конте, втор избор ќе ми беше Балдини, а потоа ќе разгледав некое друго име, – вели Буфон.