Роберто Манчини се враќа на познато место и со позната функција, селектор на италијанската сениорска репрезентација, позиција на која денеска доживеа официјална промоција.
Манчини беше прв фаворит на претседателот Џовани Малаго, ама не и на Паоло Малдини и неговиот советник Леонардо кои имаа поинаква визија за која откако видео дека не можат да ја спроведат на дело се повлекоа, па првиот човек на ФИГС си ја исполни желбата.
Манчини и ја донесе последната титула, успех на Италија (Европско првенство), но потоа имаше контоверзно збогување со националниот тим, потоа и преселба во Саудиска Арабија, потези кои добар дел од сонародниците не му ги простија и допрва ќе видиме каква ќе биде нивната реакција. Стратегот за тоа е свесен, па се обиде да побара извинување од навивачите.
-Сакав да ве поштедам од мака, бидејќи претпоставувам дека сите барате да го поставите истото прашање. Она што се случи пред три години беше недостаток на комуникација меѓу претседателот Габриеле Гравина и мене, бидејќи ако разговаравме лице в лице, сè ќе беше поинаку.
-Националниот тим е многу важен и е како да ја изгубите љубовта на вашиот живот. Тоа значи дека сте направиле грешки. Не е важно колку добро сте се снашле претходно, очигледно сте направиле нешто погрешно. Жал ми е за сè што се случи во последните три години, но судбината и Малаго ми дадоа шанса да се обидам повторно. Ќе се обидам да ја вратам Италија таму каде што и е местото.
-Сакам да извлечам тим способен да го направи она што го направивме во 2021 година. Екипата е таму, талентот е таму и млади се исто така, па затоа играњето добар и позитивен фудбал е наша цел. Јас сум селектор на Италија, добро сум свесен дека ќе има луѓе против мене. Ќе се обидам тимот да игра толку добро за повторно да се заљубат и можеби да ми простат за она што се случи, -истакна Манчини кој се надева дека ова е почеток на нова успешна приказна.
-Првиот пат бев тука пет години и бев многу среќен, во мојата омилена улога. Сега потпишавме четиригодишен договор, се надевам дека ќе освојам еден или два трофеи и дека ќе останам дури и потоа, доколку е можно.
-Се сеќавам кога почнавме последен пат, 90-95 проценти од новинарите нè сметаа за седми или осми најдобар тим во Европа. Ако имавме 30 победи и седум нерешени резултати, а Шпанија само што го сруши нашиот рекорд на непоразени, тоа значи дека сме направиле нешто добро. Ако Италија оди на Светското првенство, стануваме еден од тимовите што треба да се победат. Дури и да не сме фаворити, стануваме опасни на тие турнири. Ќе се обидеме да составиме тим што може да се квалификува за Европското првенство, по Лигата на нации, а потоа да размислуваме за Светското првенство, -порача 61-годишниот стручњак.









