Адебајо за потегот на Леброн: Тој донесе одлука…

Дерби

30/07/2026

07:46

200

Големина на фонт

а а а

Леброн Џејмс конечно донесе одлука и пресече каде ќе ја продолжи кариерата откако ја заврши приказната со Лос Анџелес Лејкерс.

Тој беше дел од „езерџиите“ осум сезони, тука ја започна и петатта деценија од животот, но Џејмс не размислува за пензија и во наредните две години ќе го гледаме во Филаделфија Севентисиксерс.

Неколку клубови се споменуваа како потенцијални дестинации, се говореше за негово враќање во Мајами Хит каде се гради нова екипа околу Јанис Адетокмубо, ама ништо од таа приказна. Ѕвездата на Хит, Бем Адебајо не е разочаран од потегот на Џејмс за кога смета дека донел одлука која верува дека е најдобра за него.

-Нема разочарување. За мене, секогаш треба да се биде среќен за личноста и нивната одлука. Тој донесе одлука за која чувствува дека е најдобрата можност да победи. И јас чувствувам дека сум добар пријател на Леброн, -порача Адебајо.

Леброн во Филаделфија ќе игра заедно со Ембид, Макси, Браун, Еџкомб…