По многу големи турбуленции и перипетии во изминатите неколку дена, италијанската Федерација ги објави имињата на новиот селектор и технички директор, избор кој дојде по неодобрен мандат за Андреа Пирло и неотповикливи оставки на Паоло Малдини и Леонардо.
Претседателот Џовани Малаго не ги послуша одлуките на двајцата луѓе кои ги задолжи за организирање на спортскиот проект, па во ситуација кога висеше иднината на италијанскиот фудбал, вчера пристигна вест за два ангажмани кои се доста коментирани во јавноста.
Малаго се одлучи да му се довери на човекот кој донесе последна европска титула за Италија, но покрај Роберто Манчини кој ќе има улога на селектор, дел од репрезентацијата ќе биде и искусниот Клаудио Раниери во улога на технички директор.
Кам-бекот на Манчини донесе измешани реакции во јавноста поради фактот што тој самиот си замина од репрезентацијата пред три години, па иако има такви кои не се согласуваат со неговиот избор, Сеск Фабрегас смета дека Италијанците ќе одат на добар пат со човекот кој го освои Европското првенство во 2021-ва година.
– Отсекогаш ми се допаѓал Манчини, го следев уште од времето кога беше во Манчестер Сити. Имам зборувано со него неколупати и тој е роден победник. Тој има големи барања од сите играчи и неговите тимови играат убав фудбал. Покажа што може да направи кога го освои Европското првенство со Италија. Среќен сум за него, среќен сум што добива нова шанса да се покаже во националниот тим, – изјави Фабрегас.







