Едуардо Камавинга е еден од фудбалерите за кои Реал Мадрид е подготвен да слуша понуди ова лето, но во период кога Французинот треба да го убеди Жозе Мурињо дека заслужува нова шанса на „Санатијаго Бернабеу“, на играчот за врска сигурно нема да му помогнат потези како оној вчера против Леганес.
На пријателскиот меч кој се одигра во Шпанија, Реал Мадрид го победи Леганес со 4:1, а во отсуство на голем број ѕвезди кои се уште не се вратени на тренинзите, Камавинга се најде во почетните 11.
Играчот за врска доби шанса да работи од првиот ден со Мурињо поради фактот што не беше дел од францускиот тим на Светското првенство, но од вчерашниот меч со Леганес, посебно се издвојува еден негов лош потег во средниот ред.
Иако најчесто е задолжен за деструкција, во модерниот фудбал од играчите за врска се бара позитивна улога во двата правци, па обидот на Камавинга да проигра соиграч на крило сега служи за потсмев на социјалните мрежи.
Наместо да проигра соиграч на десно крило, Камавинга го шутна Арда Ѓулер и со самото тоа му ја подари топката на противникот.
Мурињо е педантен тренер кој најмалку посакува технички грешки од своите фудбалери на опасен дел од теренот, па иако станува збор за подготвителен период, сигурно е дека овој потег ќе му донесе негативни поени на францускиот интернационалец кај Жозе.
🔥 El Real Madrid entró en pretemporada y Camavinga dejó este pase erroneo que le da la vuelta a las redes sociales...😱 pic.twitter.com/HkI8WeCnxh
— EL GRÁFICO (@elgraficionado) July 28, 2026







