За време на финалниот натпревар на АТП турнирот во Есторил меѓу Лука ван Аш и Александер Блокс, видовме иновативна примена на технологијата.
Веќе сме навикнати технологијата односно системот „Hawk-Eye/Close Call“, да ги замени линиските судии на повеќето тениски турнири, а во Есторил беше демонстрирана употребата на технологијата и при самата подготовка на теренот.
Пред почетокот на мечот, за време на паузите меѓу сетовите и по неговото завршување, навикнати сме момчиња и девојчиња да ги средуваат земјените терени со мрежа за порамнување, за да ги израмнат трагите од патиките и лизгањето на играчите, рамномерно да го распоредат горниот слој од земјата за правилен отскок на топчето и да ги исчистат белите линии што ги означуваат димензиите на теренот.
Но, во финалето во Есторил на теренот не видовме момчиња и девојчиња, туку – автомобилче на батерии.
Бидејќи Порше е еден од главните спонзори на турнирот во Есторил, компанијата изработила автомобилче на далечинско управување во форма на минијатурен Порше, кое зад себе влечеше мрежа за порамнување на теренот и ја изврши работата подеднакво добро како и луѓето.
Дали ова во иднина ќе стане стандард и на останатите турнири, останува да се види.
Инаку, во финалето во Есторил, Лука ван Аш победи со 6:4, 4:6, 7:5 и ја освои својата прва АТП титула во кариерата.











