[ВИДЕО] Брутален грабеж на фудбалер во Белгија: Го извлекле од автомобилот и му ги одзеле часовникот и мобилниот телефон

Точка

28/07/2026

18:52

490

Големина на фонт

а а а

Мохамед Фусеини, 22-годишниот фудбалер на белгискиот прволигаш Унион Сент Жил, бил нападнат и ограбен во Брисел. Инцидентот се случил во неделата наутро во населбата Дансарт, а снимката од нападот ја објавија белгиските медиуми.

На снимката се гледа како напаѓачите го извлекуваат Фусеини од автомобилот. Додека тројца од нив го држеле и, според сè, се обидувале да му го земат мобилниот телефон од рацете, останатите двајца пребарувале по автомобилот во потрага по вредни предмети. Според белгискиот „HLN“, украден е рачен часовник „Rolex Datejust“, чија вредност се проценува меѓу 8.000 и 14.000 евра. Снимката можете да ја погледнете ТУКА.

Полицијата во Брисел потврди дека е отворена истрага откако бил поднесен случај. Од фудбалскиот клуб Унион Сент Жил соопштија дека нивниот играч поминал без телесни повреди, но дека е „силно потресен“. Клубот додаде дека на Фусеини му е обезбедена сета потребна поддршка.


Кој е Мохамед Фусеини?

Мохамед Фусеини е напаѓач од Гана, кој во Унион Сент Жил пристигна на почетокот на 2024 година од австрискиот Штурм Грац, а денес, како што истакнува „HLN“, е еден од најомилените играчи во соблекувалната.

Со фудбал почнал да се занимава во ганската академија „Right to Dream“, од каде што во 2022 година премина во РБ Салцбург. Настапуваше за првиот и резервниот тим на австрискиот клуб, а беше испратен и на позајмица во данскиот Рандерс. Унион Сент Жил го ангажираше во 2024 година за два милиони евра, а оттогаш има 71 настап, 14 голови и три асистенции.

Неговиот договор е со важност до летото 2028 година, со можност за продолжување на уште една сезона. „Transfermarkt“ ја проценува неговата вредност на 2,5 милиони евра.