[ВИДЕО] Поранешен тенисер направил хаос во продавница: Удирал со главата во излог, скршил два рекети, полицијата го приведе

Точка

28/07/2026

15:34

1.010

Големина на фонт

а а а

Поранешниот уругвајски тенисер Николас Чивиљер Пардодеир беше приведен во Соединетите Американски Држави поради насилно однесување во локална продавница, каде што предизвикал материјална штета и ги натерал вработените да повикаат полиција.

Во местото Дорал, Уругваецот најпрво влегол во расправија со сите присутни во продавницата за тениска опрема, а потоа скршил два рекети во вредност од речиси 600 долари.

Со недоличното однесување продолжил и откако ја напуштил продавницата. Со главата удирал во излогот и се обидувал со лактот да ги искрши стаклата.

На крајот, полицијата го привела откако го пронашла недалеку од местото каде што се случил инцидентот.


Чивиљер беше репрезентативец на Уругвај во Дејвис купот, но никогаш во кариерата не успеал да се пласира меѓу најдобрите 1.000 тенисери во светот.

За националната селекција одиграл три натпревари и ги добил сите три.

Кога станува збор за дублови успеал да влезе во Топ 1000, достигнувајќи го 991. место на АТП-листата, но и покрај тоа што важел за талентиран тенисер и ветувал многу, не ја продолжил својата кариера.

Денес има 27 години а уште како малолетник бил дел од репрезентацијата на Уругвај во Дејвис купот. Сепак, не успеал да го потврди својот потенцијал и да се докаже во продолжението на кариерата.