Паоло Малдини и Леонардо пред нешто повеќе од две недели (16 дена) добија позиции во италијанската федерација и нивна прва задача беше да го решат селекторското прашања, наследникот на Џенаро Гатузо.
алдини како технички директор и Леонардо како негов советник тргнаа со најголеми имиња, посакуваа некој од Карло Анчелоти и Пеп Гвардиола, а откако добија негативни одговори се насочија кон Андреа Пирло со кого си подадоа рака за соработка.
И кога се чинеше дека Пирло ќе биде назначен за селектор, се случи пресврт, јавноста во Италија се крена поради одредена врска на легендата со руска обложувалница. Првиот човек на ФИГС, Џовани Малаго одлучи дека опцијата Пирло е неприфатлива, а ова донесе реакција од Малдини и Леонардо кои одлучиле да се повлечат и да поднесат оставки поради се што се случи и целата непотребна атмосфера која се создаде.
Со ова се отвара патот да се оствари првичната желба на Малаго кој сакаше Роберто Манчини да биде селектор, поточно да се врати на позицијата. Во игра според медиумите на Апенините е и Антонио Конте, па останува да се види која ќе биде конечната одлука со тоа што овој циркус кој се случува јасно покажавува во каква состојба е италијанскиот фудбал, федерација и покрај најавите за подобро утре по одржаните избори.







