Разочараниот Малдини го завршил својот 16-дневен италијански мандат со брутална порака

Дерби

28/07/2026

12:56

225

Големина на фонт

а а а

Паоло Малдини и Леонардо си поднесоа оставки само 16 дена откако беа назначени за лидери на италијанскиот проект, сето тоа како резултат на скандалот со Андреа Пирло и отфрлањето на опцијата тој да биде назначен за нов италијански селектор.

Како технички директор на националниот тим, Малдини доби за задача во друштво на Леонардо да го бира новиот предводник на репрезентацијата, па откако се беше договорено со легендарниот Пирло, во Италија настана голем хаос и притисокот од политичарите направи да пропадне целата операција.

Претседателот на фудбалскиот сојуз, Џовани Малаго на крајот не ја одобри промоцијата на Пирло како нов италијански селектор поради негова поврзаност со руска компанија за обложување, но угледните медиуми пренесуваат дека покрај оваа верзија, првиот човек на Федерацијата не бил сигурен и во квалитетите кои ги поседува Пирло за најважната позиција.

Цела оваа ситуација направи да се намали кредибилитетот на Малдини и Леонардо, па откако двајцата се почувствуваа изневерени од човекот кој им додели важна функција, на крајот одлучија да достават неотповикливи оставки.

Завршниот состанок се одржа во текот на вчерашниот ден, а како што информираат „Кориере дело Спорт“, „Газета дело Спорт“ и „Тутоспорт“, Малдини си заминал од средбата со брутален заклучок.

– Италија не сака промени!

Новата голема бура во италијанскиот фудбал ќе значи коренито почнување отпочеток, а во последно време се погласни се информациите кои велат дека Џорџо Кјелини ќе биде тој кој ќе го наследи Малдини како технички директор.