[ФОТО] Што би се случило ако целиот мраз на Земјата се стопи: Една држава би исчезнала, а еве што би било со Балканот

Точка

21/07/2026

20:18

1.002

Големина на фонт

а а а

Мапата што ги прикажува последиците од целосното топење на мразот на Земјата покажува драматична промена на изгледот на планетата: нивото на морето би се зголемило за 66 метри, а бројни европски градови и држави би се нашле под вода.

Лондон? „Биг Бен“ под вода. Само спомен. Венеција? Јадранското Море ги проголтало величествените канали и Плоштадот „Свети Марко“. Истанбул, Стокхолм, Санкт Петербург, Брисел, Барселона и уште многу градови на дното на морето. Данска и Холандија повеќе не постојат. Тоа е само дел од сценариото кон кое човештвото се движи – топењето на целиот мраз на планетата.

Штетата што човекот ја предизвикува, придонесувајќи за глобалното затоплување со испуштање сè поголеми количества јаглерод диоксид во атмосферата, не може да се поправи, а научно докажан факт е дека нивото на светските океани се зголемува од година во година.

What would Europe look like if all the ice caps melted
by

in

europe

Научниците се согласни дека со ова темпо до крајот на овој век нивото на морето ќе се зголеми за најмалку еден и пол метар, а најверојатно и повеќе.

Количината вода содржана во мразот што се наоѓа на копното најдобро ја илустрира мапата што ја изработил „National Geographic“ и податокот дека, во случај на топење на целиот мраз на планетата, нивото на морето би се зголемило за неверојатни 66 метри!

На Земјата има речиси 21 милион кубни километри мраз, а ако човештвото продолжи да испушта јаглерод диоксид, ќе бидат потребни околу 5.000 години за сè да се стопи. Меѓутоа, научниците предупредуваат дека дури и зголемување на нивото на морето за само неколку метри би предизвикало огромна и непоправлива штета.

Доколку создадеме услови на планетата да нема мраз, просечната температура на Земјата ќе биде 27, наместо сегашните 15 степени Целзиусови, наведува „National Geographic“, а пренесе „Večernji.hr“.

Интересно е што Србија и Хрватска, според оваа проекција, се меѓу најмалку погодените држави. Од друга страна, другите делови на Европа би биле сериозно погодени: Данска практично би исчезнала, а многу делови од Бенелукс, Франција, Велика Британија, Бугарија, Финска, Русија и Италија исто така би биле сериозно погодени.

Ова сценарио предизвика бројни реакции на социјалните мрежи и лавина коментари на Редит, каде што беше објавена мапата.

„Данска би исчезнала“, напиша еден корисник, што веднаш ги поттикна другите да продолжат со шегите.

„Не грижете се, тие го имаат Гренланд“, алудирајќи на Данска, која можеби бара ново засолниште на брегот на Гренланд.

„Можеби глобалното затоплување и не е толку лошо...“, „Тоа би било општо подобрување! Поздрав до Шведска“, „Излегува дека сите ќе се преселиме во Шпанија! Набавете си пешкири за плажа“, „Чешка и понатаму е сиромашна без море“, гласат дел од шегите.