Не е лесно да си Аргентинец: Резервист покажа колку стрес му донесе драматичната победа над Швајцарија

Дерби

13/07/2026

12:11

305

Големина на фонт

а а а

Селекцијата на Аргентина забележа уште една драматична победа во нокаут фазата на Светското првенство, овојпат над Швајцарија од 3-1 по продолженијата.

Светските шампиони се мачеа против Зеленортски Острови (триумф по дополнителни 30 минути), потоа направија чудесен пресврт против Египет, а во неделата мораа одново да „копаат длабоко“ и да ја добијат Швајцарија со два гола во екстра времето на Алварез и Мартинез.

Не е лесно да се биде Аргентинец во овие денови, а многу им е тешко и на играчите кои се на теренот, ама не добиваат шанса од Лионел Скалони.

Таков е случајот со младиот Нико Паз кој имаше екстра сезона во Комо, но на овој мундијал беше активен само против Исланд и Јордан. Нико внимателно ја чека својата шанса, но и тоа не е лесно и потврда за тоа е неговата објава на социјалните мрежи каде се гледа дека нивото на стрес било многу високо.

Технологијата ја носат сите играчи за да ги следат своите витални знаци, како и да ги следат своите перформанси на теренот.