Неговото длабоко воздивнување и скептичниот израз на лицето му дале до знаење на Јошуа Кимих дека не е подготвен да се справи со таков притисок.
Германската фудбалска репрезентација беше елиминирана од Светското првенство, откако загуби од Парагвај во шеснаесетфиналето. Моќниот „Елф“ падна уште на првата пречка од нокаут-фазата, откако беше поразен по изведувањето пенали.
Овој резултат претставува голем неуспех за репрезентацијата која, според квалитетот на играчкиот кадар, важеше за една од најсилните во светот. Поради тоа, фудбалерите се најдоа под силен удар на критики од навивачите и медиумите.

Весникот „Bild“ сега открива и интересен детаљ од вчерашниот натпревар. Капитенот Јошуа Кимих имал големи тешкотии да најде соиграч кој ќе ја преземе одговорноста и ќе го изведе последниот пенал.
Најпрво му пристапил на Натанил Браун, а потоа и на многу поискусниот Леон Горецка. Сепак, играчот од средниот ред на Баерн не реагирал најдобро.

Неговото длабоко воздивнување и скептичниот израз на лицето му дале до знаење на Јошуа Кимих дека не е подготвен да се справи со таков притисок. Според информациите, неговиот клупски и репрезентативен соиграч двапати го прашал дали сака да го изведе пеналот, а Горецка и двата пати одбил.
На крајот, шестиот пенал го изведе Јонатан Тах, но не успеа да погоди. Веднаш потоа Канале беше прецизен за 4:3, со што му обезбеди пласман на Парагвај во следната рунда.
Сепак, „Bild“ нагласува дека Горецка не е единствениот виновник за неуспехот на „Елф“, туку дека одговорноста ја сносат целата репрезентација и стручниот штаб.










