Роналд Куман е мета на жестоки критики откако Холандија испадна од мундијалот, не само поради прикажаната игра на натпреварот, туку и поради фактот што реши да го промени системот и да ја измени тактиката за дуелот со Мароко.
Иако беа на прагот од победа, примениот гол во 91-та минута промени се за „лалињата“, па слободно може да се каже дека тие беа поголеми среќници што мечот отиде во пенал рулет.
Вербруген ги одржа своите соиграчи во игра, но во чудниот пенал рулет со една греда, две стативи и едно големо промашување, видовме и чудна техника од неколку холандски фудбалери.
Играчите во портокалови дресови подзастануваа пред речиси секој удар, а тоа го изнервира легендарниот Пјер Ван Хојдонк.
– Знам дека не може да се тренира притисокот кој го носат пеналите, но Холандија има селектор кој има изведено можеби и 1000 пенали во својата кариера. Тој не промашува пенал и никогаш не видов да прави нешто необично.
– Ја спушташе топката, земаше залет и шутираше. Очекував од националнит селектор да ја пренесе таа порака на играчите. Требал да ги научи на важна лекција за пеналите. Може да утнете пенал, но да го направите тоа какошто треба. Сите тие глупости и застанувања пред ударите ми ги превртуваат цревата во стомакот, – посочи Ван Хојдонк.






