Славје во Парагвај: Претседателот Пења го прогласи вторник за државен празник по пласманот на фудбалерите во осминафиналето на СП

Точка

30/06/2026

08:09

3.181

Големина на фонт

а а а

Фудбалската репрезентација на Парагвај во осминафиналето на Светското првенство во Филаделфија ќе игра против победникот од дуелот меѓу Франција и Шведска.

Претседателот на Парагвај, Сантијаго Пења, го прогласи вторник, 30 јуни, за државен празник, по денешниот пласман на националната фудбалска репрезентација во осминафиналето на Светското првенство.

„Парагвај никогаш не се предава! Државен празник, по ѓаволите!“, напиша претседателот на Парагвај во објава на социјалната мрежа „X“, пренесува „USA Today“.

Фудбалската репрезентација на Парагвај обезбеди место во осминафиналето на Светското првенство, откако вечерва во шеснаесетфиналето, одиграно во Фоксборо, по подобро изведување пенали ја совлада Германија со 4:3. По регуларните 90 минути и продолженијата резултатот беше 1:1.

Според парагвајскиот закон, извршната власт има право да прогласи три дополнителни државни празници во текот на една година.


Пења прогласи државен празник и во септември минатата година, кога Парагвај за првпат по 2010 година обезбеди пласман на Светското првенство.

Во осминафиналето, Парагвај во Филаделфија ќе се соочи со победникот од натпреварот меѓу Франција и Шведска.