[ВИДЕО] Пар го привлече вниманието со запросувањето на мечот на Новак Ѓоковиќ, тенисерот им порача: Сакам покана за свадба

Точка

30/06/2026

21:39

3.234

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ беше сведок на запросување на трибините за време на неговиот натпревар во првото коло на Вимблдон против Кинезот Ву Јибинг на Централниот терен и веднаш побара покана за свадба.

Откако Ѓоковиќ го освои првиот сет, еден маж од публиката ја искористи паузата за да ѝ предложи брак на својата девојка.

Ѓоковиќ го забележа ова по враќањето на теренот, им покажа знак на срце и кренати палци, а потоа им порача: „Сакам покана за свадба“.

Симпатичната ситуација ја сподели и официјалниот профил на Вимблдон на социјалните мрежи, која во описот на објавата напиша: „Една свадбена покана за г. Ѓоковиќ“.

Сепак, присуството на порториканскиот рапер Бед Бани во ложата на српскиот тенисер на Централниот терен привлече посебно внимание на трибините.

Неговото доаѓање уследи два дена откако Ѓоковиќ се појави на сцената за време на концертот на музичарот во Лондон.


Интересно е што Бед Бани доживеал слична ситуација на Супербоул. Имено, за време на неговиот настап на полувремето на Супербоул оваа година, се случи вистинска венчавка, што дополнително ја засили необичната комбинација на тенис, музика и моментот од трибините со што започна настапот на Ѓоковиќ на овогодишниот Вимблдон.