Германија како фудбалска нација важеше за вистинска велесила и една од најголемите селекции на сите големи натпреварувања, но тој тренд се промени во последните десетина година и потврда за тоа добивме и на турнирот во САД, Мексико и Канада.
„Ди Маншафт“ важеше за вистински гигант од кого стравуваа сите останати селекции од светот, но после последната титула освоена во 2014-та година, бележиме период во кој Германците едноставно не личат на себе.
По срамните елиминации во групната фаза на мундијалите во 2018-та и 2022-ра година, Германија направи мал исчекор на овој турнир и се пласираше во нокаут рунда, но брзо пристигна големо разочарување во вид на пораз од Парагвај.
Јужноамериканците славеа во пенал рулетот и ја фрлија во очај цела германска јавност, која во моменти кога ги бара главните виновници за мундијалското фијаско, издвои и четири ѕвезди кои изреагирале кукавички во пенал рулетот.
„Билд“ откри дека четири фудбалери одбиле да шутираат пенал по одбрана на Нојер во петтата серија, па во таква ситуација, Џонатан Та бил принудна опција.
Леон Горецка, Валдемар Антон, Натаниел Браун и Малик Чау одбиле да шутираат пенал, а капитенот Џошуа Кимих во два наврати барал од Горецка да преземе одговорност.
Тоа го покажуваат и повторените снимки, но и покрај инсистирањето, на крајот одговорноста ја презема Та. Стоперот на Баерн изведе катастрофален пенал и биеше над голот, по што Парагвај погоди во шестата серија и обезбеди место во осминафиналето.
📸 Joshua Kimmich asked Goretzka twice whether he wanted to take the sixth penalty, the latter refused. Jonathan Tah stepped up after that https://t.co/AzjAjw9fI3 pic.twitter.com/7TPzXCIUiS
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) June 30, 2026






