[ФОТО] Се сеќавате ли на првиот сопруг на Анџелина Џоли? Актерот се огласи - еве како изгледа денес

Точка

29/06/2026

10:50

2.330

Големина на фонт

а а а

Ѕвездата од култниот „Трејнспотинг“ и прв сопруг на Анџелина Џоли изненади со ретка фотографија на која позирал со својот 17-годишен син. Бројните обожаватели веднаш ја забележале огромната физичка трансформација на 53-годишниот актер, кој сега изгледа сосема непрепознатливо.

Британскиот актер Џони Ли Милер ретко споделува моменти од својот приватен живот, но овој пат направил исклучок. На својот Инстаграм профил објавил симпатична фотографија со својот 17-годишен син Бастер, направена за време на концертот на Оазис. Видливо расположените татко и син позирале со широки насмевки, а актерот напишал кратка и емотивна порака покрај сликата: „Најдобрата работа што ми се случила“.


Обожавателите веднаш го коментирале неговиот нов изглед. Милер изгледа светлосни години подалеку од избричениот, русокос Сајмон „Сик Бој“ Вилијамсон од култниот филм од 1996 година. Денес, тој негува многу погруб изглед со подолга коса и полни мустаќи. „Мустаќи на пожарникар“, се пошегувал еден следбеник во коментарите, додека друг додал: „Се надевам дека ова е за некоја улога!“

Инаку актерот грижливо ја чува својата приватност, па затоа оваа спонтана објава понуди редок увид во неговата блиска врска со Бастер. Тој го дели старателството над својот единствен син со актерката Мишел Хикс, со која бил во брак од 2008 година. Тие се разделиле во 2016 година, а нивниот развод официјално бил финализиран две години подоцна.


Првиот сопруг на Анџелина Џоли

Пред да се ожени со Мишел, Џони бил во брак со Анџелина Џоли, што го направи првиот сопруг на актерката добитничка на Оскар. Тие се запознале на снимањето на трилерот „Hackers“ од 1995 година, а се венчале следната година, кога Анџелина имала 20, а тој 23 години. Иако се разделиле во 1997 година и се развеле во 1999 година, останале во многу добри односи. Минатата година, гостувајќи на Меѓународниот филмски фестивал во Санта Барбара, Џоли нагласила дека сè уште имаат „прекрасен однос“ особено истакнувајќи дека нивните деца се на приближно иста возраст.



Милер изградил многу успешна кариера по неговите рани хитови. Го толкувал Шерлок Холмс покрај Луси Лиу во долгогодишната американска серија „Елементарно“ се вратил во улогата на Сик Бој во „Трејнспотинг 2“ во 2017 година и постигнал завиден успех во театарот. За неговата изведба во „Франкенштајн“ каде глумел заедно со Бенедикт Камбербач, ја освоил престижната награда Оливие.

Што се однесува до неговиот љубовен живот, неодамна бил поврзуван со инструкторката по јога и пилатес Мануела Дијаго, но сè уште јавно не се огласиле.