Последно збогум за Владо Јаневски во среда на гробиштата во Бутел

Макфакс

29/06/2026

14:58

885

Големина на фонт

а а а

Пејачот Владо Јаневски ќе биде погребан во среда на градските гробишта во Бутел, а сите кои сакаат да му оддадат последна почит можат да го сторат тоа во капелата на гробиштата пред погребот.

Владо Јаневски ќе биде погребан во среда

Македонскиот пејач Владо Јаневски ќе биде погребан во среда, 1 јули, на градските гробишта во Бутел.

„Добивме информација од семејството на Владо Јаневски и презедовме обврска истата да ја споделиме со пошироката јавност. Сите кои ќе сакаат да се збогуваат со Владо за последен пат, ќе можат тоа да го направат во капелата на Градските гробишта во Бутел во среда (1 јули) во периодот од 10 до 11 часот. Погребот ќе следи веднаш потоа, на гробиштата во Бутел. Има нешто посилно од сѐ“, објавија од Авалон Продукција.