[ВИДЕО] Актерката призна што прави секоја вечер последните 12 години: Пенелопе Круз го откри необичното хоби и ги шокираше колегите

Точка

29/06/2026

12:00

1.849

Големина на фонт

а а а

Шпанската актерка Пенелопе Круз моментално го промовира својот нов филм „The Invite“ во кој глуми со Оливија Вајлд и Сет Роген, а за време на неодамнешното интервју што го дала со гореспоменатите колеги за „The New Yorker“, го открила своето необично хоби.

И не, тоа нема никаква врска со индустријата за забава и филмовите. Имено кога не е на снимање или со своето семејство, сака да чита медицинска литература.

На тоа посветува неколку часа секоја вечер и тоа 12 години наназад.

Како што признала во интервјуто, сè започнало во нејзиното детство кога редовно се преправала дека работи во болница. Нејзината омилена игра била да ги вакцинира куклите со стари игли што ги земала од нејзината баба.


Актерката признала дека сето тоа можеби звучи малку чудно, но нејзината рана фасцинација со човечкото тело со текот на времето прераснала во посериозно хоби.

„Ја проучувам медицината секоја вечер во последните 12 години. Книгите за ендокриниот систем, дебели неколку стотици страници, ме прават неверојатно среќна“ рекла Круз.

Кога го раскажала ова, Вајлд била изненадена и ја прашала дали всушност студира медицина, на што Пенелопе одговорила дека тоа е само хоби во кое необјасниво ужива пет до шест дена во неделата, и тоа со часови.


Роген се надоврзал и се пошегувал дека сега е „лекар аматер“.

Признанието на Круз ги охрабрило нејзините колеги да ги споделат своите хобија, па така Роген признал дека ужива во изработката на керамички садови во слободното време, додека Вајлд открила дека страсно собира фигурини и дека поседува и намалена верзија на оригиналниот сет од култната серија „Сајнфелд“.