[ВИДЕО] Пожар во облакодер во Мадрид

Макфакс

23/06/2026

19:50

225

Големина на фонт

а а а

Во Мадрид избувна пожар во облакодерот Торе Моеве, седиште на шпанска енергетска компанија, при што зградата беше евакуирана поради густиот чад, а причините за пожарот сè уште не се познати.

Пожар избувна во облакодерот Торе Моеве во Мадрид, каде што се наоѓа седиштето на шпанската енергетска компанија Моеве.

Поради густиот чад, зградата беше евакуирана, а вработените и другите присутни беа изведени надвор. Според полицијата, пожарот подоцна бил ставен под контрола и нема повредени.

Сведоци изјавиле дека чадот почнал да се шири уште пред да се вклучи противпожарниот аларм. Причината за пожарот засега не е позната.