Невреме се приближува кон Велес

Макфакс

23/06/2026

21:18

578

Големина на фонт

а а а

Нестабилно и бурно време го зафати Велес и околните региони, со пороен дожд, засилен ветер и појава на град, а надлежните служби следат и известуваат за понатамошниот развој на временските услови.

Нестабилното време кое во текот на денот зафати повеќе делови од државата продолжува и во вечерните часови.

Според последната информација на Управата за хидрометеоролошки работи, во 20:43 часот од северозапад кон Велес се приближува невреме проследено со пороен дожд и засилен ветер.

Претходно, силно невреме со поројни дождови, грмежи, засилен ветер и локална појава на град беше регистрирано во Кочани, Виница и околината, а нестабилната воздушна маса се движеше кон југоисток.

Надлежните и понатаму ја следат состојбата со временските прилики.