Оставката на британскиот премиер Кир Стармер за некои значеше само едно – се врати мистериозниот „Згоден дечко од говорницата“.
Во непредвидливиот свет некои работи се сигурни, а една од нив е дека Обединетото Кралство и понатаму докажува дека не може лесно да се управува со него. Стармер во понеделник објави дека поднесува оставка, со што стана шеста личност која во последната турбулентна деценија одржала проштален говор пред Даунинг Стрит 10.
Оставката на Стармер доаѓа само две години откако Лабуристичката партија ја презеде власта со големо мнозинство и речиси точно на десетгодишнината од британското гласање за излез од Европската Унија. Брзите смени на чело на државата одразуваат како земјата по Брегзит е потоната во постојана политичка нестабилност.
Сепак, секоја неволја има и своја посветла страна. Секој пат кога британски премиер поднесува оставка, се појавува една мистериозна фигура – зрак сонце во тешки времиња и вирална сензација која ја нарекуваат „Згодниот дечко од говорницата“.
Тој е неофицијален предвесник на големи политички вести, задолжен за поставување на говорницата пред Даунинг Стрит 10. Кога тој ќе се појави, знаете дека се подготвува нешто големо. „Најстабилната фигура во британската политика од Брегзит е човекот што ја изнесува говорницата за оставки“, сумирал еден корисник на социјалната мрежа X.
amazing that he is the most stable thing in british politics rn https://t.co/fYdyTbyyPP
— Eoin Ó Catháin (@EoinKeane101) June 22, 2026
Надживеа пет премиери
Првпат бил забележан во 2019 година, непосредно пред Тереза Меј да објави оставка. Потоа се појави во 2022 година при оставките на Борис Џонсон и Лиз Трас, која се повлече по само 49 дена. Тој беше присутен и за тестирање на микрофонот за Риши Сунак пред неговото прво обраќање како премиер. Неговата појава стана толку очекувана што еден обожавател вчера напишал: „Стармер мора да побрза со оставка за повторно да го видиме Згодниот дечко од говорницата“.
Кој всушност е виралната сензација?
Неговото вистинско име е Тобијас Гоф. Тој е 42-годишен тонски инженер од Лонгфилд во Кент. А за сите кои воздивнуваат по него, „The Daily Mail“ пишува дека наводно е во среќен брак со сопругата Тина.
He is absolutely fit! He is Tobias Gough the "Hot Podium Guy" he appears on 10 Downing Street everytime the Prime Minister makes an announcement. He is back again for Keir Starmer's resignation as the British PM. pic.twitter.com/QZYTd6AvTB
— @pauloinmanila and 99 others (@pauloMDtweets) June 22, 2026
Интернетот го сака за премиер
Таа информација сепак не го спречи интернетот и понатаму да фантазира за него, па дури и да го предлага за највисоката функција во државата. „Тој е единствениот во Даунинг Стрит 10 чиј рејтинг на популарност сè уште расте“, се пошегувал некој по повод најновото појавување на Гоф, додека друг порачал: „Дефинитивно би гласал за него.“
Men want to be him,
— Save Station Street, Birmingham (@OldStationSt) June 22, 2026
Women want to be with him.
Make him PM.
Make him Bond.
Get him on Celebrity Traitors.
Let him host Strictly.
Hot Podium Guy is the hero Britain needs. pic.twitter.com/0MH2xE1sy7
Повиците да ја преземе власта стануваат сè погласни. „Нека ‘Згодниот дечко од говорницата’ биде нов премиер. Навистина е единствениот што остана со нас во последните неколку години!“, напишал еден корисник. Друг додал: „Покренувам петиција ‘Згодниот дечко од говорницата’ да стане премиер затоа што, освен мачорот Лари, е единствениот што ги надживеа последните пет премиери!“
Се случувале и почудни работи. Британија го кажа своето.














