Невреме со пороен дожд, грмежи и град во регионите на Штип и Гевгелија

Макфакс

23/06/2026

18:10

1.087

Големина на фонт

а а а

Невреме со пороен дожд, грмежи и град попладнево ја погодија областа на Штип и Гевгелија, проследено со засилен ветер и нестабилни временски услови што се движат кон југоисточниот дел на земјата.

Невреме проследено со јак пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град попладнево е регистрирано во регионите на Штип и Гевгелија.

Според информацијата за нестабилност, состојбата е евидентирана во 17:10 часот, а невремето постепено се движи кон југоисточниот дел на земјата.