Социјалните мрежи повторно пронајдоа тренд кој привлече огромно внимание, а овој пат во центарот се – усните. Виралните „lip catfishing“ снимки покажуваат колку изгледот може да се промени со помош на неколку трикови за шминкање, а споредбата „2016 vs 2026“ многумина ги остави без зборови.
Трендот го испробала и Ерика Тејлор, инфлуенсерка која со своето видео покажала како техниката „lip catfishing“ изгледа во пракса. Нејзината трансформација привлече внимание кај корисниците, бидејќи јасно се гледа колку обликот и изгледот на усните можат да се променат само со помош на шминка.
Најпрво со молив ги исцртала усните, благо преминувајќи ја природната линија за да создаде ефект на пополни усни. Потоа на едната страна од усните нацртала два мали круга со помош на прстен, кои ги споила со рабовите на усните и ги пополнила со молив.
Следниот чекор бил трикот што особено привлекол внимание – меѓу рабовите на усните и круговите нанела кореткор, а кога сето тоа го споила и добро го размачкала, добила ефект на сенка и длабочина, поради што усните визуелно изгледале поголеми и поизразени.
На крајот додала сјај за усни кој создал „стаклен“ ефект и дополнително го нагласил волуменот.

Токму ваквите техники станаа дел од трендот наречен „lip catfishing“ – кога изгледот на усните драстично се менува со помош на шминка, без какви било трајни промени. Целта не е само усните да изгледаат поголеми, туку да се создаде сосема поинаков облик и пропорција.
Споредбата „2016 vs 2026“ покажува колку се променила естетиката на убавината. Пред неколку години доминираа мат усните, острите рабови и прецизното исцртување, додека денес популарни се сјајните, помеките и пополните усни со ефект на природен волумен.

И додека едни сметаат дека ваквите трикови ја покажуваат креативноста и моќта на шминката, други предупредуваат дека трендовите како овој можат да создадат нереални очекувања.
Едно е сигурно – „lip catfishing“ е уште еден доказ дека малите трикови можат целосно да го променат изгледот.