[ВИДЕО] Поранешната УФЦ шампионка ги шокираше следбениците со својот нов изглед: „Нема шанси ова да е таа“

Кармин

24/07/2026

17:07

731

Големина на фонт

а а а

Жанг Вејли е позната како УФЦ боречка која е максимално посветена на тренинзите и дисциплината, а изгледот на социјалните мрежи и провокативните објави воопшто не ја интересираат. Барем така беше досега…

Вејли никогаш претходно не привлекувала внимание на социјалните мрежи, освен кога станувало збор за нејзините спортски успеси, со оглед на тоа што двапати била шампионка на УФЦ.


Нејзините обожаватели се навикнати на дисциплината и напорните тренинзи од кои никогаш не се откажува, но никаква промена во изгледот не доаѓаше предвид кога станува збор за една од најопасните УФЦ боречки, како што често ја нарекуваат. Барем така изгледаше…

Меѓутоа, вистинскиот шок се случи кога Жанг, наместо објава од тренинг, ја покажа својата трансформација и откри сосема поинаква страна од својата личност. Како да не останало ништо од цврстата, агресивна и моќна боречка.


Одеднаш станала русокоса, а не е познато дали навистина ја бојадисала косата или на снимката носела перика. Освен тоа, се одлучила и за впечатлива шминка. Строгиот израз на лицето остана во минатото, а насмевката пред камера беше вистинско изненадување за сите кои ја следат.

„Не знаев дека изгледаш вака добро“, „Нема шанси“, „Невозможно е ова да си ти“, „Мора да се шегуваш“, беа само дел од коментарите на нејзините следбеници.


Трансформацијата што ја покажа беше неверојатна, толку што речиси никој не би ја препознал. Сепак, засега не е познато дали Жанг ќе се врати на својот препознатлив стил или ќе го задржи новиот изглед.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk