[ФОТО] Меланија Трамп во тесен фустан привлече внимание на УФЦ-настанот во Белата куќа: На социјалните мрежи се коментира нејзиниот израз на лицето

Кармин

15/06/2026

16:21

972

Големина на фонт

а а а

Меланија Трамп привлече погледи во впечатлив црн фустан на УФЦ-настанот што Доналд Трамп го организирал во Белата куќа.

Покрај впечатливата модна комбинација, предмет на коментари на социјалните мрежи е и нејзиниот израз на лицето.


Првата дама на САД беше фотографирана покрај својот сопруг во тесен црн фустан без прерамки, со исклучително длабоко деколте, кој го искомбинирала со црни потпетици.

Носела и кожна јакна, а изгледот го надополнила со мало сребрено ланче со крст.

Додека бројни обожаватели го пофалиле впечатливиот изглед на Меланија, на социјалните мрежи беше забележан и нејзиниот нималку воодушевен израз на лицето при пристигнувањето на настанот.


На социјалната мрежа Икс, еден корисник прокоментирал: „Изгледа воодушевено, како и обично“.

Друг корисник додал: „Јасно е, нејзиното лице покажува дека повеќе би сакала да биде на пет милиони други места“, а трет напишал: „Изгледа бедно. Тоа ланче ја гуши.“


УФЦ-настанот на кој присуствувала го носи името „Freedom 250“, а станува збор за прв настан од ваков вид организиран пред Белата куќа, седиштето на претседателот на Соединетите Американски Држави.


Актуелниот претседател Доналд Трамп, го најавуваше овој настан со месеци, а го замислил како „подарок“ за Америка по повод 250-годишнината од независноста на оваа држава.


И покрај бројните критики, па дури и обидот организацијата да се запре преку суд, настанот сепак се одржа синоќа, и тоа на 80-тиот роденден на Трамп.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk