Официјално - сѐ е на суд: Уште една од ќерките на Анџелина Џоли и Бред Пит му зададе голем „удар“ на татко ѝ

Кармин

11/06/2026

07:22

1.430

Големина на фонт

а а а

Захара Џоли-Пит поднесе официјално барање до судот во Калифорнија за отстранување на „Пит“ од нејзиното презиме.

Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит, Захара, поднесе петиција за отстранување на „Пит“ од нејзиното презиме. Во официјални документи до кои дошол „People“, 21-годишната девојка го поднела барањето до суд во Калифорнија на 28 април.

Нејзиното име веќе било прочитано како Захара Марли Џоли за време на церемонијата по повод дипломирањето на колеџот Спелман во мај.


Да потсетиме дека Бред и Анџелина се венчаа во 2014 година, а се разведоа две години подоцна. Нивниот развод беше финализиран во декември 2024 година по долга правна битка во која беа објавени многу валкани работи. Поранешната двојка има пет деца: Медокс, Пакс, Захара и близнаците Нокс и Вивиен.

Одлуката на Закари доаѓа откако нејзиниот брат Медокс Џоли, исто така, поднесе барање за отстранување на презимето Пит од неговото име. 24-годишникот, кој беше посвоен од Анџелина во 2002 година, а подоцна и од Бред Пит во 2006 година, го промени своето презиме во мај. Сега се потпишува како Медокс Чиван Џоли и вели дека причините за промената се „лични“.

Шајло, исто така, го отстрани „Пит“ од своето преиме откако наполни 18 години во 2024 година. Нејзиниот адвокат, Питер Левин, за списанието „People“ изјави дека Шајло „донела независна и значајна одлука по болни настани“.

Во меѓувреме, Вивиен одлучила да биде идентификувана како „Вивиен Џоли“ во 2024 година во програмата за серијата „Аутсајдерите“, на која работеше со нејзината мајка.

Другите два сина на Бред и Анџелина, Пакс и Нокс, сè уште не посочија дали го отстраниле „Пит“ од своите презимиња.


Според американските медиуми, рочиштето во врска со петицијата на Захара треба да се одржи на 28 септември во Лос Анџелес.

Овој потег повторно ги разгоре приказните за затегнати семејни односи, особено меѓу Бред Пит и неговите деца.

Извор близок до актерот за „People“ изјави дека „тажно е да се види некој одново и одново јавно како успешно ги отуѓува децата од другиот родител“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk