По најновото појавување на Ана Фарис, социјалните мрежи се преплавени со нејзини снимки, а многу обожаватели пишуваат дека ѕвездата на комедиите изгледа како нешто да не е во ред. „Очите ѝ се безживотни“, „Се надевам дека е добро“, „Нешто не е во ред“, пишуваат обожавателите на омилената холивудска миленичка.
Тринаесет години по претходниот филм, се одржа премиерата на новиот „Scary Movie“, шестиот дел од популарната франшиза.
Во Лос Анџелес, претходно оваа недела, беше одржана свечена премиера која ја собра екипата што повеќе од две и пол децении го засмева светот со пародии на хорор-филмови, а најголемо внимание привлече актерката Ана Фарис (49).
Anna Faris almost comes to tears as she reflects on being cast in the first Scary Movie and expresses gratitude to Keenen Ivory Wayans for picking her, revealing it was her first movie and she didn’t believe she was funny.
— The Art Of Dialogue (@ArtOfDialogue_) June 4, 2026
(🎥 Entertainment Tonight/IG) pic.twitter.com/VNvMEZLMCk
Таа на црвениот тепих пристигна во друштво на својот син Џек Прат (13), кој ретко се појавува во јавноста, а актерката гордо го прегрнуваше момчето и позираше со него.
Ана била одлично расположена и цело време разговарала со новинарите, а многумина ги трогна нејзината изјава дека со години ја чувствува големата љубов од обожавателите на „Scary Movie“, иако не ја забележала во филмската индустрија.

Снимките од премиерата ги преплавија социјалните мрежи, а многу обожаватели на Ана Фарис забележаа дека актерката не изгледа како порано, па изразија загриженост за нејзиното здравје.
„Навистина ја сакам Ана Фарис, а сега не изгледа како порано, очите ѝ се безживотни и не можат да се фокусираат, устата ѝ изгледа чудно, се надевам дека е добро“, „Се надевам дека Ана е здрава и среќна, нешто не делува во ред“, „Не сакам да бидам груб, но се надевам дека Ана е добро, изгледа како да не е своја...“, се дел од коментарите, а многумина на социјалната мрежа Икс овие грижи ги поврзаа со нејзиниот развод од актерот Крис Прат.
Anna Faris says she felt love from her “Scary Movie" fans for many years, “but not from the industry.” pic.twitter.com/z68qXUkfNE
— Variety (@Variety) June 4, 2026
„Изгледа како да ѝ е тешко по разделбата со Крис“, „Не знам да објаснам, но го обвинувам Крис Прат“, коментираат обожавателите на актерката.
Љубовта на Ана Фарис и Крис Прат е далечно минато
Ана Фарис, една од најголемите ѕвезди на комедијата во последните две и пол децении, и актерот Крис Прат беа заедно од 2007 година, а се венчаа на Бали во 2009 година.
Двојката по три години брак го доби синот Џек, кој се роди девет недели пред терминот и веднаш бил префрлен на интензивна нега.

Момчето потоа имало многу здравствени проблеми, крварење во мозокот, кила, проблеми со видот и срцеви проблеми, а поради сето тоа било оперирано повеќепати.
Крис Прат и Ана Фарис во меѓувреме се разделија во 2017 година, а се разведоа следната година. Актерот потоа се ожени со Кетрин Шварценегер, ќерката на легендарниот Арнолд Шварценегер, со која доби три деца: Лајла, Елоиз и Форд.

Прат често на социјалните мрежи и во интервјуа зборува за својот нов живот со Кетрин и за семејството што го изградиле, а пред неколку години јавно ѝ се заблагодари што му родила „здрава ќерка“. Тоа предизвика негативни реакции во јавноста, бидејќи обожавателите на Ана Фарис сметаа дека тоа е скриена порака за неа.
Прат потоа во интервју за „Men's Health“ експлицитно негираше дека тоа му била намерата и истакна дека стравува оти неговиот син Џек еден ден ќе дознае за тие коментари.
„Мојот син еден ден ќе го прочита тоа“, рече тој. „Тоа навистина многу ме вознемири. Плачев поради тоа. Помислив колку мразам што некои работи со кои сум благословен во животот претставуваат вистински товар за луѓето што ми се блиски“.
Ана Фарис не го коментираше овој случај, а и таа во меѓувреме пронајде нова љубов, па во 2021 година се омажи за директорот на фотографија Мајкл Барет.












