[ВИДЕО] Мадона ги шокирала сите на последниот настап: Обожавателите врескале од страв поради потегот на кралицата на попот

Точка

05/06/2026

17:17

408

Големина на фонт

а а а

Кралицата на попот одржала изненаден концерт на Тајмс Сквер во Њујорк, по повод почетокот на Месецот на гордоста, но еден момент од настапот особено ги вознемирил обожавателите.

Пејачката настапувала на бина поставена високо над собраната публика, во рамки на настан организиран во соработка со апликацијата „Grindr“. Иако покрај работ на бината била поставена проѕирна заштитна ограда, Мадона во еден момент ја префрлила ногата преку оградата и делумно се наведнала над масата луѓе.

Снимката од тој момент брзо почна да кружи на социјалните мрежи, а многу обожаватели признале дека сериозно се исплашиле дека пејачката можела да ја изгуби рамнотежата.

Обожавателите во паника

На платформата Икс веднаш се појавија бурни реакции. Една корисничка напишала дека „вреснала: ’Мадона, не, немој!‘“ кога видела како пејачката виси преку оградата. Други коментирале дека глетката „ги пресекла“, дека „се исплашиле до смрт“ и дека цело време стравувале да не дојде до несреќа.

Посебно се издвои коментарот: „Бабо, нееее“, кој брзо се проширил меѓу обожавателите, додека други на шега признале дека Мадона и понатаму е способна целата публика да ја држи на „работ на нервите“.

Иако сцената изгледала ризично, настапот продолжил без инцидент. Мадона, како и многупати претходно, успеала од еден сценски потег да направи вирален момент.


Прајд-концерт во срцето на Њујорк

Изненадниот настап на Мадона се одржа на 4 јуни 2026 година на Тајмс Сквер, по повод почетокот на Месецот на гордоста. Концертот бил замислен како голема прослава на денс-музиката, ЛГБТ-заедницата и најава за нејзиниот нов албум „Confessions II“, кој треба да биде објавен на 3 јули.

Пејачката се појавила во впечатлив розово-син корсет, високи чизми и сценски изглед по кој публиката веднаш ја препознава. Испеала неколку песни, меѓу кои хитовите „Hung Up“, „Get Together“ и „I Love New York“, но и новите нумери „I Feel So Free“, „Bring Your Love“ и „Love Sensation“.


На сцената ѝ се придружил и англискиот диџеј и продуцент Стјуарт Прајс, нејзин долгогодишен соработник со кој работела и на албумот „Confessions on a Dance Floor“ од 2005 година. Токму тој учествува и во создавањето на новиот албум „Confessions II“.