[ВИДЕО] Џенифер Анистон во разговор со Лиса Кудроу се присети на епизодата од „Friends“ со Бред Пит: „Беше урнебесна“

Точка

05/06/2026

14:31

565

Големина на фонт

а а а

Актерката Џенифер Анистон, во рамките на серијалот „Actors on Actors“ на списанието „Variety“ и „CNN“, се сретна со својата пријателка Лиса Кудроу, а во таа прилика го спомена и поранешниот сопруг Бред Пит.

Анистон и Кудроу се присетија на десетте сезони од серијата „Friends“, разговараа за проектите и за долгогодишното пријателство.

Анистон ѝ спомена на Кудроу дека дури неодамна ја изгледала серијата „Friends“.

„Се сеќавам дека си помислив: Навистина? Како тоа никогаш не си ја гледала ‘Friends’? Освен на почетоците, некаде во деведесеттите години, кога ќе се соберевме кај некој од нас и заедно ја гледавме серијата‘“, рече таа.

Кудроу додаде дека постојат цели епизоди што сѐ уште не ги гледала.

„Едноставно не можев да седам дома и да гледам серија во која глумам. Ми беше непријатно, но сега ја изгледав“, се присети таа.

Анистон ја праша Кудроу дали ѝ се допаѓаат епизодите за Денот на благодарноста, на што Кудроу одговори: „Да. Тоа беа одлични епизоди за Денот на благодарноста. Онаа со Бред беше урнебесна“.


Пит гостуваше во деветтата епизода од осмата сезона, во која го толкуваше ликот на Вил Колберт. Вил беше средношколски пријател на Рос и Моника, кој беше коосновач на клубот „Ја мразам Рејчел Грин“ и проширил злобна гласина за Рејчел, ликот што го толкуваше Анистон.

„Сите филмски ѕвезди што гостуваа во ‘Friends’: Бред, Брус Вилис, Џулија Робертс, Изабела Роселини, Шон Пен, ги имаше многу. Секогаш беа нервозни. Ме фасцинираше колку знаеја да бидат нервозни“, наведе таа.