Жена со 55 куфери запрена во Швајцарија: Цариниците сè прегледале и занемеле кога сфатиле што имало во нив

Точка

01/06/2026

16:50

5.828

Големина на фонт

а а а

На граничниот премин меѓу Германија и Швајцарија, во местото Тајнген била забележана несекојдневна сцена која ги оставила цариниците без зборови.

Сè започнало откако било запрено комби, зад чиј волан била неименувана жена од Швајцарија, која се враќала од одмор.

„Нема ништо спорно“

За време на контролата, жената почнала да го вади багажот од комбито. Еден по еден, цариниците на крајот изброиле неверојатни 55 куфери.

Секој куфер бил детално прегледан со рендгенски уред, а на крајот било утврдено дека нема неправилности, нема обид за шверц, ниту поседување забранети производи, пренесе „Heute“.


„Куферите содржеле различни лични работи на патничката. Нема ништо спорно“, изјавил портпаролот на Сојузната управа за царина и гранична безбедност.

Една работа останува тајна

Што носела жената во 55-те куфери, сепак, останува тајна. Надлежните служби не сакале да откријат дополнителни информации, а единствено е јасно дека при контролата не било утврдено ништо спорно.

Во практика, толку голема количина багаж не е забранета.

Жителите на Швајцарија имаат право личните предмети да ги внесат во земјата без плаќање царина, под услов да ги имале со себе при излегувањето.