Каспер Руд уште еднаш покажа дека е еден од најнезгодните и најконстантните играчи на земјена подлога, без оглед на тоа што го заврши својот пат на Ролан Гарос во осминафиналето на турнирот.
Двократниот финалист на Френч Опен загуби од Жоао Фонсека после извонредна битка во четири сетови, но реалноста е дека еден сет му беше „украден“ од судијката.
Во завршницата од вториот сет, Каспер Руд го освои најдобриот поен на турнирот во неверојатни околности, а потоа во тајбрејкот беше „ограбен“ поради фактот што на Ролан Гарос не се употребува технологија.
При водство од 8:7 во тајбрејкот, едно топче на Фонсека заврши во аут, но судијката процени дека топчето слетало на линија и така му овозможи на Бразилецот да остане во игра.
Наместо 1:1 во сетови, набрзо беше 2:0 за Фонсека, па иако Руд го освои третиот, остана без сила да се надигрува во четвртиот.
По мечот, Руд не го криеше разочарувањето од спорниот момент на крајот од вториот сет, па отворено нагласи дека бил оштетен за праведна битка со талентираниот Бразилец.
– Неговиот форхенд беше навистина многу блиску, се работеше за влакно, но тоа се покажа како пресуден момент. Да го добиев тој сет, ќе беше 1:1 и резултатот може да биде поинаков на крајот. Голема е разликата од 2:0 до 1:1, очигледно е дека бев оштетен во овој меч, – изјави Руд.
CASPER RUUD WINS THE POINT OF THE TOURNAMENT AGAINST JOÃO FONSECA AT ROLAND GARROS
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) May 31, 2026
🤯🤯🤯🤯🤯🤯🤯🤯🤯🤯🤯 pic.twitter.com/am687yBUfm
Member of the crowd correctly calls Fonseca's shot "out" on set point, causing Ruud to stop play; the chair rules that it is in. Fonseca would go on to win the tiebreak pic.twitter.com/VdrfPQ63tu
— fluxx (@Skai_way) May 31, 2026











