Чави „знае“ кој ќе биде следниот предизвик за Гвардиола: Тој е гениј…

Дерби

31/05/2026

16:47

765

Големина на фонт

а а а

Пеп Гвардиола одлучи да ја заврши приказната со Манчестер Сити и тоа една година пред истекот на договорот кој му беше со важност до 2027.

Шпанецот долго време беше прашуван за неговата иднина, тој долго време порачуваше, одговараше дека планира тоа што го потпишал на хартија да го одработи до самиот крај, ама нешто се промени во меѓувреме и со освоените два трофеи во англискиот Лига и ФА Купот стратегот одлучи да се збогува со „Итихад“.

Тој ги водеше „граѓаните“ една деценија и се очекува да направи одредена пауза, а според Чави Ернандез наредниот предизвик за сонародникот би требало да биде некоја репрезентација.

-Тој е гениј и никогаш не знаете во главата на еден гениј што ќе направи, но ако треба да кажам нешто, можеби чека на репрезентација. Што се однесува до клубовите, тој направи сè, па мислам дека новиот предизвик за него ќе биде национален тим, -истакна Чави кој запрашан дали тоа можеби ќе биде Англија или Шпанија, Ернандез порача:

-Зошто да не? Шпанија е тешко, но можеби Англија, -истакна легендарниот ас и дополнил:

-Ако не е најдобар, тогаш е еден од најдобрите. Тој е опседнат со тактички прашања и научив многу од него и неговиот персонал. Неверојатен тренер, со начинот на кој разговара со играчите и ги убедува што треба да прават како тим. Тој е легенда како тренер, -заврши Шпанецот.