Џејмс Милнер постави апсолутен рекорд во Премиер лигата оваа сезона и стана играчот со најмногу настапи во историјата на англиската елита, а со крајот на сезоната, стигна до бројката од 658 настапи.
Оваа бројка најдобро ја отсликува долговечноста на неуморниот играч за врска, кој сега после 24 сезони во елитата, реши да стави крај на незаборавното патување.
Милнер денеска објави дека заминува во пензија и дека нема да го продолжи договорот со Брајтон, клуб кој му овозможи фудбалски да ужива и во последните три години во кариерата.
Џејмс ја почна кариерата во Лидс Јунајтед, во еден период играше на позајмица во Свиндон, а потоа почна да се докажува во фудбалската елита во Англија преку клубови како Њукасл и Астон Вила.
После тоа, Милнер заврши во Манчестер Сити каде освои две титули во Премиер лигата, уште еден во домашното првенство освои како член на Ливерпул, а во својата богата кариера ја освои и титулата во Лигата на шампиони како дел од златната генерација на Јирген Клоп.
– Имав доволно среќа да искусам и доживеам незаборавни моменти, од борба за опстанок до освојување на трофеи, играње во Европа и претставување на мојата земја на две Европски и две Светски првенства. Но, повеќе од се, луѓето и пријателствата кои ги стекнав во фудбалот е тоа што ќе го ценам до крајот на животот, – порача Милнер.







