Детонација во „Билјанини Извори“: Охрид со лекција за Татабања до историска европска титула!

Дерби

01/06/2026

11:02

311

Големина на фонт

а а а

Откако минатата година славеше Алкалоид, трофејот од ЕХФ Европскиот Куп втора година по ред останува во Македонија, овојпат во витрините на Охрид.

Амбициозниот македонски суперлигаш ја комплетираше историски добрата сезона со најголем клупски успех од постоењето, откако вчера во „Билјанини Извори“ успеа ад го надигра тимот на Татабања и да слави голема титула.

По тесната победа остварена во Унгарија, избраниците на Борис Ројевиќ тргнаа со иста мера и на вториот меч, но во првото полувреме налетаа на расположениот голман Андо кој правеше чуда на голот и „симна“ седум-осум зицери.

Голманот на Татабања беше тој што ги остави гостите во игра со девет интервенции, но исто толку запиша и извонредниот Пилиповиќ во првото полувреме, кое на крајот заврши со резултат 12:11.

Тесното водство беше гаранција за неизвесност и во второто полувреме, но такво нешто брзо почна да пропаѓа во вода, бидејќи избраниците на Ројевиќ активираа шеста брзина и почнаа да го мелат противникот.

Охрид брзо се одлепи на плус пет на семафорот и со резултат 17:12 тргна во походот кон прва европска титула, а до финишот на мечот успеа истата да ја потврди со извонредна игра во двата правци.

Иако Андо имаше добри одбрани и во вториот дел, сепак немаше цело време одговор за агресивната игра и прецизните реализации на „гладијаторите“, кои во финишот стигнаа до максимални 31:25 и почнаа да ја слават титулата во импресивна атмосфера во „Билјанини Извори“.

ЕХФ ги разбуди охриѓани со оригинална порака: Ова не е сон

Охрид успеа да се надмине себеси и ја комплелтираше неверојатната сезона во Европа со 11 победи на 12 натпревари, а последната значеше дека се освојува трофејот во ЕХФ Купот.

Амбициозниот проект на Охрид кој стартуваше пред само една година, многу брзо даде резултат во вид на европски трофеј, па на овој успех се радува буквално цел град крај Охридското езеро.

Борис Ројевиќ состави чета која славеше над далеку поскапи тимови и клубови со поголеми буџети, а последниот таков пример беше унгарска Татабања.

Охрид победи тим кој е четири пати поскап на хартија, но на теренот погладни за успех и за победа без милениците на Ројевиќ.

Вчерашниот 31-ви мај ќе остане вечно врежан во меморијата на фановите на Охрид, кои денеска беа разбудени и со оригинална порака од ЕХФ.

– Добро утро од новиот шампион во ЕХФ Купот! ГРК Охрид, ова не е сон…