Бразил броеше до шест на „Маракана“, двојници на Роналдињо, Роналдо и Винисиус го украдоа шоуто на трибините

Дерби

01/06/2026

12:10

309

Големина на фонт

а а а

Бразил покажа сила и ја декласираше Панама на првата контролка за Светско првенство, натпревар кој се одигра на славната „Маракана“ во Рио Де Жанеиро како увертира за мундијалот.

Тимот на Карло Анчелоти поведе уште во првата минута со фантастичен гол на Винисиус Жуниор, а тоа им даде крилја на „кариоките“ кои на крајот броеја до шест.

Бразилците славеа со 6:2 во исклучително возбудлив натпревар за домашните фанови, но во импресивната атмосфера на трибините, шоуто го украдоа тројца навивачи.

Имено, телевизиската камера посебно се задржа на тројца фанови кои седеа еден до друг, пред се поради сличноста со три фудбалери од Бразил.

Двојници на Роналдињо, Роналдо и Винисиус седеа еден до друг, а видеото брзо се рашири на социјалните мрежи и стана вирален хит.