Премиерлигашот Ливерпул донесе неочекувана одлука и се раздели со стратегот Арне Слот и тоа неполна недела откако заврши натпреварувачката 2025/2026.
Минатава сезона беше турбулентна за „црвените“, екипата не успеа да освои ниту еден трофеј, не беше блиску до ниту еден пехар, но Слот ја имаше поддршката поради се што направи во првата година и фактот дека го врати премиерлигашкиот пехар на „Енфилд Роуд“.
Меѓутоа работите во фудбалот знаат и брзо да се сменат, па Арне вчера заработи отказ и сега останува да се види која ќе биде неговата замена со тоа Андони Ираола важи за фаворит.
Капитенот Вирџил Ван Дајк како лидер на екипата се огласи и ја испрати првата порака по последната одлука на клубот.
-Никогаш нема да го заборавиме триумфот во Премиер лигата во нашата прва сезона заедно. Ти благодарам, тренеру, и ти посакувам многу среќа тебе и на твоето семејство во иднина, -порача стоперот.






