Реал Мадрид ќе го потврди првото засилување ден по претседателските избори

Дерби

31/05/2026

14:42

1.354

Големина на фонт

а а а

Неочекуваните претседателски избори закажани за 7. јуни делумно ги одложија трансфер активностите на Реал Мадрид, но кандидатите за функцијата веќе ги најавија своите адути.

Актуелниот претседател Флорентино Перез важи за голем фаворит и по се изгледа нема да има проблем да се задржи на функцијата, а клубот веќе го обезбедил и првото засилување за новата сезона.

Се работи за Нико Паз, фудбалер за кого веќе е одлучено дека ќе биде вратен од Комо, со активирање на клаузулата, која на италијанскиот клуб ќе му донесе 9 милиони евра.

Аргентинецот ќе се врати во Мадрид без разлика на исходот на изборите, бидејќи шпанскиот клуб не планира да се откаже од неговите услуги и тоа е веќе искомуницирано со Паз, кој знае каде ќе ја продолжи кариерата.

Реал ќе треба да се засили и во одбраната и уште на неколку позиции, а јасно е дека во тимот ќе се врати и Ендрик.