Матвеј Сафонов доби шанса да биде прв голман на ПСЖ и извонредно го искористи тоа во изминатите неколку месеци, па сега втора година по ред го има приматот на европски шампион.
Ако лани немаше шанса во конкуренција на Џиџио Донарума, Сафонов оваа сезона се избори за стартерски статус пред Шевалие, а иако немаше некое позначајно издание во финалето, неговите соиграчи ја завршија работата во дуелот со Арсенал.
Сафонов го заврши финалето без ниту една одбрана во 120-те минути и пенал рулетот, но се најде во фокусот и поради изданието на неговата сопруга.
УЕФА протоколот налага дека на стадионите не смеат да се внесуваат руски знамиња, но сопругата на Сафонов успеа да го изигра ова правило благодарение на навивачите на ПСЖ.
Поставените кеси за кореографија од фановите на ПСЖ и послужија како добра инспорација сама да состави руско знаме, па на крајот со тие обележја се симна на теренот и славеше во прегратка на својот сакан.
NO permiten la entrada de banderas rusas 🇷🇺 y la esposa de Matvéi Safónov creó la suya con bolsas de plástico.
— ESPN.com.mx (@ESPNmx) May 31, 2026
Al final... así festejó en el campo con su campeón. 🥹
(vía sportonercom) pic.twitter.com/288IeJy232







