Хенес го прозва Матеус за пропаднатиот трансфер на Баерн: Не мора да ја злоупотребува својата позиција…

Дерби

26/05/2026

16:14

218

Големина на фонт

а а а

Ули Хенес е германска легенда и легенда на Баерн Минхен, човек кој ја има улогата на почесен претседател на великанот, но и човек кој знае да претера кога се во прашање јавните настапи.

Тој знае да биде остар, директен, да прозива кога треба и кога не треба, а во свој стил продолжи и го стави на тапет Лотар Матеус за кого го обвини дека му ја уништил зделката на Баерн за ангажман на Ник Волтемаде, офанзивец кој годинава беше едно од најлошите засилувања во Премиер лигата, поточно воопшто не ги оправда очекувањата во Њукасл.

- Ќе ви кажам едно – ќе го потпишевме за 50 милиони евра и сигурен сум дека можевме да го изведеме тоа. Но, потоа Матеус излегува и вели во весник дека играчот дефинитивно вреди помеѓу 60 и 80 милиони евра.

- Со оглед на тоа што се говореше за трансфер цените, Штугарт не можеше да го продаде за 55 милиони евра бидејќи ќе беа под таков притисок што ќе беа премногу глупави за да не го спроведат она што Матеус, како таканаречен експерт, го ширеше низ целиот свет.

- Тој не мора да ја злоупотребува својата позиција за постојано да му штети на Баерн, - порача Хенес.