Дарја Клишина ја заврши кариерата, но доминира на социјалните мрежи и ги остава фановите без здив.
Убавата Русинка има 35 години, и понатаму активно тренира и изгледа беспрекорно. Атрактивната русокоса се повлече од атлетиката и скокот во далечина по Олимписките игри во Токио во 2021 година.
Во моментов Дарја Клишина живее во Соединетите Американски Држави, има две деца и целосно е посветена на семејството. Живее далеку од спортот, медиумите и насловните страници.
Ужива во поопуштен живот, но е активна на социјалните мрежи. Споделува моменти од секојдневието, се занимава со фитнес и е посветена на децата, а често објавува и фотографии од одмор и плажа. Неодамна со фотографии во костим за капење привлече огромно внимание бидејќи изгледа како во најдобрите денови од кариерата, кога освојуваше медали. Иако долго време не се натпреварува, не престанала да тренира. Освен одличниот изглед, зрачи и со самодоверба и харизма.
Поранешната атлетичарка пред неколку години откри дека преку „Instagram“ добила непристојна понуда вредна 200.000 долари да биде ескорт дама.
„Навистина првпат во животот се соочив со таква понуда. Мојата реакција беше брза и кратка: не сум заинтересирана. Не би рекла дека тоа премногу ме повреди, иако првпат се најдов во таква ситуација. Во ниту еден момент немав дилема околу таа понуда, бидејќи се почитувам себеси, размислувам правилно и се потпирам на себе“, изјави Клишина.
Нејзините синови се родени во Америка.

„Постариот е роден во Њујорк, а помладиот во Мајами. И двата пати се породив во болница под надзор на лекари. Мојот сопруг беше покрај мене и двата пати, а веќе вториот ден бев дома“ откри Клишина пред неколку години.
Првиот син го родила пред осум години.

„Прилично сум повлечена и не го експонирам јавно приватниот живот. По Светското првенство во Лондон во 2017 година, каде што освоив сребро, планирав да родам дете. Сè помина според планот и во 2018 година првпат станав мајка. Потоа следуваше најтешката олимписка сезона, па повторно почнав да скокам само осум месеци по породувањето.
Клишина е двократна европска шампионка во сала во скок во далечина, има и злато од летната Универзијада во Казањ во 2013 година, како и бронза од Европското првенство во 2014 година.









