Португалскиот стручњак, Жозе Мурињо долго време е на фудбалската сцена како тренер, период во кој има работено во повеќе земји и во многу големи клубови од Англија, Италија, Португалија и Турција.
Мурињо водеше тимови како Челси, Интер, Манчестер Јунајтед, Рома, Порто, Тотенхем, Фенербахче, Бенфика…што значи има огромно искуство, соработувано со многу играчи, ама за него не е тешко да ги избере двајцата најдобри дефанзивци.
- Во целата моја кариера, каде што ги тренирав најдобрите играчи од таа генерација, двајцата најдобри централни дефанзивци што некогаш сум ги имал беа Џон Тери и Марко Матераци, - порача специјалниот.
Жозе работеше со Матераци во Интер и тоа само две години, додека подолга беше соработката со Тери во Челси, тим во кој стоперот беше лидер и капитен на екипата.







