Рио има интересен предлог за засилување за Јунајтед: Може многу да му помогне на Шешко…

Дерби

26/05/2026

16:12

223

Големина на фонт

а а а

Пред Манчестер Јунајтед е интересно лето, трансфер период во кој ќе мора да повлече вистински потези ако сака наредната сезона да направи нов исчекор и да биде сериозна закана за Арсенал и Манчестер Сити, две екипи кои беа пред нив во Премиер лигата.

Воедно не треба да се заборави дека „црвените ѓаволи“ ќе играат и во Лигата на шампионите, па легендата на клубот Рио Фердинанд има еден интересен предлог, засилување за напаѓачката позиција, име од кое Шешко му можел многу да научи-тоа е Роберт Левандовски.

- Зборуваат за [играчот од средниот ред на Аталанта] Едерсон, кого требаше да го потпишеме пред две години. Добар фудбалер. Мислам дека ќе мора да купиме два или три играчи од средниот ред за да го покриеме тој простор и треба да донесеме играчи со нозе, тие треба да бидат мобилни и играчи кои можат да се движат.

- Левандовски не е лоша опција ако сакаат да донесат уште еден напаѓач. Ако го донесеме, погледнете го искуството што го има, колку ќе може Шешко да научи.

- Ако верувате дека Шешко е човек за следните пет години, учењето што би можел да го стекне со Левандовски, кој е прекрасен, скромен човек. Тој би му го покажал патот и би го натерал да игра.Тоа би било разумно засилување дури и ако бројките се луди во однос на платите. Ако се обидувате да му помогнете на тимот, тој би бил одлично присуство.

- Ќе биде големо и интересно лето за да видиме кого ќе привлече Манчестер Јунајтед, - порача Рио.