[ВИДЕО] Тифозите на Милан со жестока порака за Ибра откако единствено тој ја преживеа чистката на „Сан Сиро“

Дерби

26/05/2026

07:56

1.152

Големина на фонт

а а а

Милан со брутално соопштение ја информираше јавноста дека им се прекинати договори на тренерот Масимилијано Алегри и тројцата директори Фурлани, Таре и Монкада, но во очекуваната егзодус кој беше најавен, сепак успеа да преживее Златан Ибрахимовиќ како прв советник на Гери Кардинале.

Првиот човек на компанијата „РедБрд“ го помилува Швеѓанецот и му даде уште поголеми ингеренции за новиот проект кој следи, бидејќи токму Ибра ќе одлучува за новите директори, но ќе има клучна улога и во потрагата на новиот тренер.

Златан ќе добие нова шанса од раководството на Милан и тој е единствениот кој го преживува „земјотресот“, но со тоа не се согласуваат добар дел од тифозите на клубот.

Поради катастрофалниот резултат против Калјари, Ибра бил изнесен од стадионот во неделата со полициско обезбедување, а на денот кога стана познато дека тој сепак ќе остане во клубот, тифозите му испратија жестока порака преку голем банер.

– Никој не треба да остане: Да си замине и Ибра, и тоа веднаш, – гласи пораката на тифозите на Милан.